Насловна / Вести / Најголемата соларна фарма во Франција

Најголемата соларна фарма во Франција

Solarparks mit höchster Wirtschaftlichkeit planen / Planning extremely cost-effective solar parks

На бреговите на La Colle des Mees, висорамнина на југот од Франција, се наоѓа соларната фарма Les Mees. Со вкупно 112.000 соларни модули распоредени на 200 хектари земјиште, ова е најголемата соларна фарма во Франција која има инсталиран капацитет од 100 MW „чиста“ енергија, што е доволно за снабдување на 12.000 француски домови со електрична енергија.

solarna (2)

Со оглед на тоа што се наоѓа на надморска височина од 800 метри и дека воздухот во овој дел на Франција е многу чист, фармата генерира за околу 10 – 15 % енергија повеќе од сличните проекти на други локации.

112.000 Solarmodule auf 800 Metern Höhe / 112,000 solar modules

Покрај тоа што генерира чиста енергија (без штетни емисии), соларната фарма Les Mees има многу мало негативно влијание врз околината. Панелите се инсталирани без положување бетонски темели кои би ја уништиле тревата, па така по две децении, кога панелите ќе се отстранат, ридовите и тревата ќе останат недопрени.

solarna (4)

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top