-->
-->
Насловна / Вести / Најголемата соларна електрана на покрив на стадион, ќе биде инсталирана во Германија

Најголемата соларна електрана на покрив на стадион, ќе биде инсталирана во Германија

Signal Iduna Park – домот на фудбалскиот клуб Borussia Dortmund, ќе биде и дом на најголемата соларна електрана на покривот на стадион, во светот.  Кинескиот производител на опрема за соларни електрани JA Solar и германскиот фудбалски клуб го реализираат овој значаен проект. На тој начин, стадионот кој прима најголем просечен број на гледачи по натпревар во европскиот фудбал, станува пример за одржливост.

Оваа вест била одлична увертира за Одлуката на UEFA и Асоцијацијата Solar Power Europe, да започнат соработка со цел унапредување на одржливоста на европскиот фудбал преку соларната енергија. Инаку, точниот капацитетот на постројката на покривот на германскиот стадион не е соопштена, но интересно е дека соларната електрана од 4,2 MW, која турската енергетска компанија Enerjisa Enerji ја поставила на покривот на стадионот на „Галатасарај“ во 2022 година влезена е во Гинисовата книга како најголема на светот од овој вид.

Од компанијата JA Solar, која го реализира проектот во Германија, велат дека ќе бидат поставени повеќе од 11.000 модули, додека очекуваното годишно производство е поголемо од 4 MWh. Енергијата ќе се користи за сопствена потрошувачка на објектот. Планирано е реализацијата на проектот да започне на почетокот на летото и да заврши до крајот на летото.

 

Испрати коментар

Scroll To Top