Насловна / Вести / Најголемата поморска компанија ги напушта фосилните горива

Најголемата поморска компанија ги напушта фосилните горива

Данската компанија Maersk, најголемата компанија на светот која пружа услуги во поморскиот сообраќај, објави дека ги напушта фосилните горива, и бара од другите да го следат овој пример. „Единствениот можен начин за постигнување на декарбонизација во нашата индустрија е целосна транзиција кон нови јаглеродно неутрални горива и синџири на снабдување. Следните 5-10 години ќе бидат пресудни. Ќе вложуваме значителни ресурси во иновации и технички решенија, со цел да ја подобриме техничката и финансиска одржливост на декарбонизираните решенија. Во изминатите четири години вложивме околу една милијарда долари и ангажиравме над 50 инженери секоја година во развивање на енергетски ефикасни мерки“ нагласува  Søren Toft, главен оперативен директор во Maersk.

Компанијата верува дека ќе ја исполни својата цел за потполна декарбонизација до 2050 година, со постепена замена на својата флота со енергетски „чисти“ бродови.  Со крајот на 2016 година  Maersk  ги намалил емисиите на јаглерод диоксид за 42% по контејнер, и ја намалил вкупните емисии за 25%.

maersk2

maersk3

Испрати коментар

Scroll To Top