Насловна / Вести / Најголемата „офшор“ ветерна електрана во светот започна со работа

Најголемата „офшор“ ветерна електрана во светот започна со работа

Dogger Bank, најголемата ветерна електрана на море, која сеуште е во изградба, започна со производство и испорака на електрична енергија кон националната мрежа на Велика Британија. Освен оваа титула, проектот може да се пофали и со неколку технолошки достигнувања кои по прв пат се применети. Ветерниот парк Dogger Bank со моќност од 3600 MW (вкупно 277 турбини), се гради во водите на Велика Британија, 130 километри од брегот на Јоркшир во Северното море, и тоа во три фази од по 1200MW, познати како Dogger Bank A, B и C. Комерцијлна работа во полн капацитет е планирана за 2026 година.

догер1

Засега производството е започнато во Dogger Bank A. Кога целосно ќе биде завршена, оваа електрана ќе биде најголемиот ветерен парк на светот. Ќе биде 2,5 пати поголема од сега најголемиот ветерен парк на море, Hornsea 2, кој исто така се наоѓа во близина на брегот на Јоркшир. Инаку, проектот го развиваат и градат компаниите Equinor, SSE Renewables и Vårgrønn.

догер2

Првата испорака на енергија од ветерната електрана Dogger Bank, следува по инсталацијата на турбините Haliade-X со поединечна моќност од 13 MW, што е прва ниивна инсталација вон копно, било каде на светот. Турбините, Haliade-X се инсталирани од инженерите и техничарите на Volter, најголемиот брод за монтирање на ветерни електрани на море на компанијата Jan De Nul Group. Електричната енергија од оваа ветерна електрана се пренесува во националната мрежа на Велика Британија со високонапонскиот систем за пренос на еднонасочна струја (HVDC), при што оваа технологија се користи за прв пат на офшор електраните во Велика Британија. Ова вклучува и инсталација на првата HVDC трафостаница на море, како и првата употреба на Hitachi Energy HVDC Light® системот за пренос кој е инсталиран за рекордни 38 месеци.

догер3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top