Насловна / Вести / Најголемата хидроелектрана на светот ќе биде изградена на Тибет

Најголемата хидроелектрана на светот ќе биде изградена на Тибет

Кинеската влада ја одобри изградбата на најголемата хидроцентрала на светот, која ќе се наоѓа на јужен Тибет. Според проценката на Power Construction Corp of China од 2020 година, ќе произведува 300TWh електрична енергија годишно. Тоа е за три пати повеќе од 88,2 TWh, колку што е проектираниот капацитет на моментално најголемата хидроелектрана на светот која се наоѓа во централна Кина.

Според надлежните институции во Кина, хидроенергетските проекти на Тибет, за кои тврдат дека сочинуваат повеќе од една третина од хидропотенцијалот на Кина, немаат значително влијание врз животната средина. Сепак, Индија и Бангладеш ја изразија својата загиженост поради овој проект, кој ќе влијае и врз водните ресурси низводно. Властите сеуште не соопштуваат колкав број луѓе би морало да се пресели поради пректот, ниту пак какво ќе биде влијанието врз еден од најбогатите екосистеми на висорамнината. Реката на која ќе биде изградена централата Yarlung Tsangpo, станува Брамапутра кога излегува од Тибет и тече кон југ низ две индиски држави, па завршува во Бангладеш. Кина веќе има започнато со изградба ан хидроелектрани на оваа река, настојувајќи максимално да го искористи нејизниот потенцијал. Имено дел од оваа река бележи пад од неверојатни 2000 метри за само 50 километри, што претставува огромен потенцијал но секако и сериозен инженерски предизвик.

Испрати коментар

Scroll To Top