Архитектонската фирма Morphogenesis го потпишува проектот на неодамна завршениот мега објект Surat Diamond во Индија, деловна зграда лоцирана на периферијата на градот Сурат.
Објектот е проектиран како „град во град“ со вкупна површина од 660.000 квадратни метри, во кој ќе се смести светската заедница на трговци со дијаманти.
Објектот е поголем од Пентагон, кој досега беше на тронот со површина од 620.000 метри квадратни, а титулата најголема деловна зграда во светот ја носеше цели 80 години, всушност од 1943 година, кога е изградена, пишува Dezeen.
„Основниот концепт на Surat Diamond Bourse беше да се создаде архитектура која ќе и помогне на најголемата светска заедница за трговија со дијаманти да зајакне“, изјави основачот на Morphogenesis, Sonali Rastogi.
„За нас беше од витално значење да создадеме зграда која одговара на нивниот начин на живот и начинот на кој го водат бизнисот“.
Се обиделе тоа да го направат со спроведување на детални студии за тоа како функционира заедницата, од неформални состаноци, до спроведување трансакции, па се до социјалната интеракција на вработените и трговците.
Иконичен, но не и надмоќен
Како што се наведува, идејата била објектот да биде „иконичен, но не и надмоќен“.
Објектот се состои од девет крила, низ петнаесет ката, а сите се распоредени околу централен коридор.
Во рамки на крилото, има 4.717 канцеларии за работа на 67.000 професионалци од областа работа со дијаманти, вклучувајќи и професионалци за сечење и полирање, но и професионалци во трговијата.
Канцелариите се со големина од 28 квадратни метри до големи отворени планови од 10.500 квадратни метри. Во објектот претежно има мали канцеларии, одржувајќи ги размерите хумани и интимни.
„Овие канцеларии се распоредени во тесни основи, што овозможува да бидат целосно осветлени со дневна светлина“.
Зградата е проектирана така што до секоја канцеларија може да се стигне од која било влезна точка на локацијата во рок од седум минути.
Поврзувачкиот централен ‘рбет, кој се состои од низа атриуми со целосна висина, е организиран во него да се гледа од балконите на сите катови. Овој „рбет“, односно централен блок, се отвора на својот крај во форма на вентилатор, со цел да се овозможи проток на воздух во зградата.
„Централниот циркулаторен ‘рбет третиран е како канал за дистрибуција на ресурсите и како социјален атриум, наспроти она што можеше да биде само како незабележлив коридор“.
Сите простори се отворени кон овој централен ‘рбет, овозможувајќи случајни интеракции.
Град во град
Исто така, тука се и делумно затворени канцеларии со неформални отворени работни простори, кои потсетуваат на традиционалниот начин на кој трговците работеле.
Покрај бројните канцеларии, објектот содржи и угостителски простор за вработените, малопродажен центар и здравствен клуб, како и простори за конференции и банкети.
Трговија со дијаманти на отворено
Помеѓу крилата има дворови кои во голема мера се засенчени од волуменот на зградата и се наменети да се користат како неформални простори за тргување и состаноци.
Крилата на зградата од петнаесет катови се ориентирани во правец север-југ, со цел да се намали влијанието на силното сонце од запад.
Секој од блоковите има целосно застаклени фасади, кои овозможуваат продор на природна светлина во оваа гигантска зграда.
„Дворовите овозможуваат сите деловни простории да бидат целосно дневно осветлени, да се поддржи и начинот на живот на трговците, вклучително и рекреативните активности, но и отворената трговија што постои во традиционалните индиски чаршии“.
Материјали од радиус од 300 километри
Крилата на зградата се претежно во екстериерот изработени од комбинација на стакло и локален бел песочник Gwalior, додека централниот „рбет“ е изведен од локален црвен гранит Lakha.
„Изборот на живописната црвена боја беше резултат на желбата применетите материјали да ги набавиме во рамки на нашиот ограничен радиус“.
Црвениот гранит Lakha набавен е локално од радиус од 300 километри, што ги исполнило предвидените критериуми за одржливост. Сончевите зраци складно соработуваат со овој материјал, давајќи му на објектот силен визуелен идентитет кој е иконичен, но не и надмоќен.