Насловна / Екологија / Најголемата банка во светот апелира за инвестирање во зелени технологии

Најголемата банка во светот апелира за инвестирање во зелени технологии

WE & UBS
Аналитичарите на банката UBS, најголемата приватна банка во светот, наведуваат дека наскоро големите електрични централи ќе „изумрат“ бидејќи се преголеми, нефлексибилни и неважни за идното производство на електрична енергија. Ваквото сценарио го предвидуваат веќе за 10-20 години бидејќи според нив, развојот на електричните автомобили, евтините батерии и новите соларни технологии во целост ќе го трансформираат енергетскиот сектор, односно начинот на производство, складирање и дистрибуција на енергијата.

„До 2025 година сите ќе бидат во можност да произведуваат енергија која ќе биде ценовно конкурентна, а не само големите централизирани системи сопственост на моќните енергетски компании. Веќе во 2015 година, исто така и купувањето на електричен автомобил ќе биде поевтино од возилата на фосилни горива“, наведува банката во својот извештај.

Затоа, банката ги повикува клиентите и инвеститорите да се придружат кон зелената револуција.

Испрати коментар

Scroll To Top