Насловна / Вести / Најголемата австриска термоцентрала преминува на водород?

Најголемата австриска термоцентрала преминува на водород?

Австриската електроенергетска компанија Verbund ќе започне пилот проект за испитување на можноста за замена на природниот гас како гориво во електроенергетските постројки со водород. Проектот ќе се спроведува во термоцентралата Mellach. Се работи за термоцентрала со моќност од 838 MW која е пуштена во погон во 2012 година, и има две гасни турбини. Во склоп на проектот ќе се испита можноста за делумна замена на природниот гас со водород (добиен преку електролиза) за погон на турбините, што ќе биде прво такво испитување во една комерцијална термоцентрала во светот. Проектот под името Hotflex ќе се спроведува во соработка со Техничкиот Универзитет во Грац (TUG), и германската компанија Sunfire која развива и произведува горивни ќелии и постројки за електролиза. Се очекува имплементацијата на проектот да трае три години.

verbud2

verbund4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top