Насловна / Вести / Најголема постројка за производство на енергија од отпад во светот

Најголема постројка за производство на енергија од отпад во светот

Следната година се планира пуштање во погон на најголемата постројка во светот за производство на енергија од отпад. Проектот е дело на компаниите  Schmidt Hammer Lassen и Gottlieb Paludan, и ќе се наоѓа на периферијата на Шенџен во Кина. Капацитетот на новата постројка е  5000 тони отпад на ден. Отпадот ќе се третира во рамките на едноставна и „чиста“ конструкција. Во постројката ќе се спалува отпадот и ќе се произведува енергија, додека истовремено жителите ќе се информираат за технологијата на добивање енергија од отпад. Проектот има за цел да му покаже на светот  нови технологии во кинескиот сектор за енергија.  Во Шенџен живеат 20 милиони жители кои генерираат 15.000 тони дневно.  Оваа бројка се зголемува за околу 7% на годишно ниво.  За да се спротивстави на овие трендови, новата постројка Shenzhen Energy, освен тоа што користи најнапредни технолошки процеси во спалувањето на отпадот, туку и служи како место каде жителите ќе можат да се едуцираат за користењето на отпадот на одржлив начин.  Објектот има кружен облик, а целата шема на индустрискиот комплекс го разбива стереотипот за традиционалниот правоаголен распоред на индустриските објекти. Покривот од 66.000m² е проектиран да биде прекриен со  44.000m² фотоволтаични модули, што овозможува снабдување на градот со енергија од обновлив извор. Работите на проектирањето се започнати уште во 2016 година, а финишот на изведбата и пуштањето во погон се планирани за почетокот на 2020 година.

shenergy1

shenergy2

shenergy3

shenergy4

Испрати коментар

Scroll To Top