Насловна / Вести / Најголема поплава во последниве 22 години во Венеција

Најголема поплава во последниве 22 години во Венеција

rsz_rialto-woman_
Во Венеција деновиве нивото на морето порасна за 115 сантиметри, па познатиот плоштад Свети Марко се најде под вода, извести италијанската метеоролошка служба и додаде дека станува збор за најголемата поплава во последниве 22 години.
Поради високата плима поплавена е пешачката зона на градот, којашто е само до 35 сантиметри над нивото на морето.
Причината за оваа појава е временското пореметување над Британија, кое предизвикува лошо време и во поголемиот дел од Европа, вклучително и силните ветришта на Јадранското Море.
Во Венеција ноќта од средата кон четврток почнало да дува ветер со брзина од 50 до 70 километри на час, а воздушниот притисок паднал од 1022,8 на 991 хектопаскали.

Од 1993 до 2002 година Венеција беше поплавена педесетина пати, но најголемата поплава е забележана на 4-ти ноември 1966 година, кога водостојот бил 194 сантиметри над нивото на морето.

Испрати коментар

Scroll To Top