Ако ова лето патот ве води во Милано, не заборавајте да отидете на една од најголемите изложби организирани во Италија.
Се работи за изложбата во Palazzo Reale насловена Leonardo 1452 – 1519, а на која се изложени делата на познатиот ренесансен сликар Леонардо да Винчи.
Поставката содржи слики, цртежи, скици и делата на Леонардо донесени во Милано од целиот свет.
На изложбата е можно да се видат и трите ремек-дела на Леонардо: „Свети Јован Крстител“, „Тајната вечера“ и реставрираната слика La Belle Ferronnière.
Голем дел од делата на изложбата се позајмени од Лувр, Британскиот музеј, Музејот Метрополитен во Њујорк, како и во Ватикан, што е голем успех, бидејќи овие музеи обично немаат таква практика.
Изложбата во Кралската палата во Милано, ќе трае до 19 јули.