Насловна / Архитектура / Најголема досега реконструкција на објектот на Сиднејската oпера

Најголема досега реконструкција на објектот на Сиднејската oпера

sidnej-opera

Познатата зграда на Операта во Сиднеј ќе биде темелно реновирана, а инвестицијата според проектот вреди 139 милиони евра.

sidnej-opera-enterier

Главниот акцент е во насока на подобрување на акустиката, а сериозни зафати се предвидени и за концертната сала и придружните простории. Екстериерот на Сиднејската Опера предизвикува воодушевување како едно од најголемите архитектонски дела на 20 век, но многу музичари се жалеле на лошата акустика во концертната сала.

sidnej-opera1

Сиднејската опера е дело на данскиот архитект Jern Ucon, и се наоѓа на листата на УНЕСКО.

sidnej-opera-otvoranje

Операта официјално била отворена на 20 октомври 1973 год. од страна на кралицата Елизабета Втора, цели 14 години по почетокот на изградбата. Спектакуларното отворање е проследено со огномет и изведба на Бетовеновата Девета симфонија.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top