Насловна / Вести / Најголем глобален пад на вложувањата во енергетиката досега

Најголем глобален пад на вложувањата во енергетиката досега

Пандемијата е главната причина за најголемиот пад на глобалните вложувања во енергетиката досега, кој Меѓународната агенција за енергија  (IEA) го очекува и до крајот на оваа година. Намалувањето на инвестициите, стои во извештајот на IEA, насловен „Светски вложувања во енергетиката 2020“,  нема да заобиколи ниту еден од главните енергетски сектори – од фосилните горива, преку обновливите извори, до енергетската ефикасност, и може да остави сериозни последици за енергетската сигурност и транзицијата кон „чиста“ енергија. IEA наведува дека во почетокот на 2020 година, се очекувало инвестициите во енергетиката во светот да растат за околу два проценти, највеќе во последните шест години. Но, сега  IEA очекува дека глобалните вложувања во енергетскиот сектор во 2020 година ќе бидат за 20% пониски во однос на минатата година, што е еднакво на речиси 400 милијарди УСД. „Историскиот пад на глобалните вложувања во енергетиката, е длабоко загрижувачки поради повеќе причини. Тој веќе денес значи изгубени работни места и изгубени економски прилики, но и изгубена енергија која веќе утре ќе ни затреба со враќањето на економските активности на поранешното ниво“ вели Фатих Бирол, извршниот директор на  IEA. 

iea1

iea2

Испрати коментар

Scroll To Top