Насловна / Вести / Најголем број од проектите за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид се неуспешни!

Најголем број од проектите за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид се неуспешни!

Неодамна направената анализа на 55% од светските проекти за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид (Carbon Capture and Storage – CCS), покажала поразителни резултати. Неуспешните проекти се значително побројни од успешните, покажува новиот извештај на Институтот за енергетска економија и финансии (IEEFA). Извештајот The Carbon Capture Crux – Lessons Learned проучува 13 водечки CCS проекти во секторите енергетика и индустрија, во смисла на нивната историја, економија и ефикасност.

ccs1

Анализираните проекти сочинуваат околу 55% од моменталниот оперативен капацитет со оваа технологија во светот. Авторот на анализата Bruce Robertson вели дека седум од вкупно тринаесетте проекти не успеале, но и кај голем дел од останатите резултатите не се импресивни. На пример, Постројката за CCS Shute Creek во САД работела со 36% пониски перформанси од проектираните, Boundary Dam во Канада со околу 50%, исто како и проектот Gorgon во Австралија. Двата најуспешни вакви проекти се во Норвешка.  CCS технологијата постои веќе 50 години, но мал е бројот на комерцијални постројки. Голем дел од проектите пропаднале, а само мал број денес се оперативни.

ccs2

Испрати коментар

Scroll To Top