Меѓународниот аеродром во дубаи, со нов рекорд од 88,2 милиони патници, и во 2017 година ја задржа титулата на најфрекфентен аеродром на светот. Оваа титула аеродромот ја држи четврта година по ред, откако во 2014 го победи Хитроу аеродромот во Лондон.
Во 2017 година главната дестинација од аеродромот во Дубаи била Индија со 12 милиони патници, потоа Велика Британија со 6,4 милиони и Саудиска Арабија со 6,3 милиони патници. Според градови, на прво место е Лондон, како најпопуларна дестинација на патниците од Дубаи, по кој следуваат Мумбаи и Џеда.