Голем број луѓе уживаат во одење во теретана, без разлика дали тоа е во раните утрински часови или по напорниот ден на работа.
Салата за вежбање Gravity во Сингапур, која е дело на британската марка Fitness First, неодамна се отвори и е нешто сосема друго од класичните теретани.
Вредноста на овој клуб е околу 10 милиони долари, просторно зафаќа површина од околу 1.000 м2 и се наоѓа на највисокото ниво на нова административна кула во бизнис-областа во Сингапур.
Вежбањето во теретана ќе биде ексклузивно право и уникатно искуство.
Оваа теретана е наменета за извршни директори и банкарите, што го објаснува фактот дека само 999 членови имаат привилегија за членство, кои можат да се добијат само со покана. Ветувајќи луксузно wellness искуство, членовите на салата ќе имаат можност да уживаат во фитнес плановите и соработката со стручни лица од ова поле.
Одличната опрема во оваа сала за вежбање е задолжителен елемент, како и специјалните кабини за вежбање, покрај конференциски сали со видео опрема за оние бизнисмени кои имаат презафатен распоред.
Членарината за оваа теретана е 2.290 евра за првпат, плус околу 500 евра месечно.