Насловна / Ентериери / Најексклузивна продавница во Барселона

Најексклузивна продавница во Барселона

ekskluzivna prodavnica vo barcelona_11
Влегувањето во продавница на Santa Eulalia е многу повеќе отколку само одење во луксузен шопинг; всушност тоа е патување низ шпанската модна историја. Првата продавница била отворена во 1843 година, од страна на Domingo Taberner Prims na el plà de la Boqueria.
ekskluzivna prodavnica vo barcelona_12 ekskluzivna prodavnica vo barcelona_10 ekskluzivna prodavnica vo barcelona_09 ekskluzivna prodavnica vo barcelona_08
Брендот Santa Eulalia поминал низ многу промени во текот на годините, но истовремено станал најјака референца за модата во Шпанија.

Santa Eulalia прва ги презентирала француските дизајнери во Шпанија, а денес се издвојува како една од најпознатите внимателно избрани колекции на дизајнерски имиња во Европа. Од Céline преку Proenze Schouler и Delfinа Delettrez до Repossi, ги имаат сите најважни и најделикатни дизајнери.
ekskluzivna prodavnica vo barcelona_07 ekskluzivna prodavnica vo barcelona_06
Но повеќе од само внимателно одбрани селекции, оваа продавница е дизајнерско и ентериерско искуство. На првиот кат има парфеми, свеќи, чанти и очила за сонце, кои го предизвикуваат познатото чувство на мало дете во продавница бонбони кое не знае каде да се сврти од возбуда. Нагоре по скалите, се наоѓаат мали простории со убаво уредени ентериери кои изгледаат како да се работи за стан на модно освестен поединец, а не за продавница.
ekskluzivna prodavnica vo barcelona_01
На вториот кат има мало „шик“ кафуле, каде што може да се ужива во вкусни предјадења и една чаша добро вино како кратка пауза од шопинг.
ekskluzivna prodavnica vo barcelona_03 ekskluzivna prodavnica vo barcelona_02
Продавницата, исто така, има и голем избор од машката мода изложен во убави дрвени ормани.

Испрати коментар

Scroll To Top