Шведската компанија Ripasso Energy трвди дека конструирала систем кој може да конвертира 34% од сончевото зрачење во електрична енергија, што е приближно двојно поефикасно од актуелните фотволтаични системи. Во моментот, системот се тестира во пустината Калахари, а тестовите во континуитет траат веќе четири години и резултатите покажуваат дека оваа технологија функционира. Концептот се потпира на воена технологија со идеја која уште во 19 век ја развил еден шкотски инженер. Компанијата тврди дека наскоро треба да се очекува нивната комерцијална примена. Традиционалните фотоволтаични панели можат да искористат до 23% со сончевата енергија, но просечниот „излез“ кој директно може да биде прифатен на мрежа е околу 15%.
Системот на компанијата , е соларна чинија со дијаметар од 100 m2 која бавно се ротира следејќи го Сонцето. Се состои од огледала кои ја фокусираат сончевата енергија во една мала точка, со што се покренува Стирлингов мотор кој нема емисија. Стирлинговиот мотор е познат концепт кој датира уште од 1816 година. Оваа напредна верзија која ја користи Ripasso Energy е развиена од шведскиот производител на опрема за воените подморници.
Оваа технологија е погодна за подрачја со константно интензивно сончево зрачење. Сепак, се истакнува дека клучно ќе биде обезбедувањето на компетитивна цена на овој тип на панели со цел да се овозможи нејзина комерцијална примена. Притоа најголем предизвик е технологијата да биде прифатлива за финансирање од страна на банките.