Насловна / Архитектура / Најдолгите згради во Европа

Најдолгите згради во Европа

Долги градби има низ цела Европа, а најдолгата се наоѓа во главниот град на Украина, Киев, со вкупна должина од 2,8 километри.

1. Станбена зграда Corviale во Рим

р

Долга точно илјада метри, се наоѓа на југозападната периферија на Рим, проектиранa е во тек на 1970-тите како решение за зголемената побарувачка на станбени единици во предградијата на италијанскиот главен град, предизвикана од растот на населението помеѓу 1950-тите и 1970-тите. Проектот, познат и под името Serpentone, поради неговите огромни размери, развиен е од тим архитекти под водство на Марио Фиорентино во периодот помеѓу 1972 и 1974 година, а изградбата се одвивала помеѓу 1973 и 1982 година.

2. Станбена зграда Lange Jamer во Берлин

бер

Во западниот дел на Берлин се наоѓа зграда која е изградена во 1974 година под името Lange Jamer, долга 1.000 метри. Проектот е изграден, на во тоа време напуштено место, како план за сместување на 50.000 луѓе во 17.000 станови.

3. Станбена зграда во Блок 21 во Белград

бг

Најдолгата зграда во Белград има скоро 1000 метари, се наоѓа во Блок 21, во општина Нов Белград. Се состои од 62 влеза и 798 стана кои се дом за 3.500 луѓе. Процесисите на проектирање и изградба траеле во период од 1960. до 1966. година. Зградата е дело на групата „Београдских пет“ (активна помеѓу 1954. и 1970. година).

4. Станбена зграда Le Lignon во Женева

жен

Проектирана од архитектот George Addor така што во секој стан влегува максималното количество светлина, во 1967 година во Женева е изградена зграда со променлива висина, која се движи од 16 до 9 ката, со 5.700 станови и должина 1.065 метри. Се наоѓа во кантонот Le Lignon во општината Vernier. Според проценката, потребни се 15 минути за обиколување на целата зграда, од крај до крај.

5. Станбена зграда „Трансмаш“ во Москва

мос

Изградена во комунистичката ера, пропратена со мистицизам и приказни дека причината за нејзината изградба е заштитата на московската населба од штетните влијанија на Институтот за високонапонски испитувања, објектот се состои од неколку станбени згради. Вкупната должина е 1.100 метри, а изградбата траела пет години. Поради својот изглед добила неколку прекари, од кои најпознати се „Бастилја“ и „Кинески ѕид“.

6. Станбена зграда Karl-Marx-Hof во Виена

виен

Karl-Marx-Hof помеѓу 1927. и 1930. година ја изградил урбанистот Karl Ehn, следбеник на Otto Wagner. Има 1.382 стана (површина од 30-60 м2). Изградени се само 18,5 отсто од 156.000 квадратни метри голема површина, а остатакот на површината е развиен во игротеки и градини. Проектирана е за околу 5.000 жители, а вклучени се и голем број погодности, перални за веш, градинки, библиотека, лекарски ординации и деловни канцеларии.

Зградата денес го држи официјалниот рекорд за најдолга градба во светот со континуирана форма на структура. Колку е долга најдобро говори податокот дека за обиколка на зградата долга 1.100 метри, потребно е да се вози со трамвај дури четири станици.

7. Станбена зграда Спартановка во Волгоград

волго

На влезот во Волгоград, во близина на хидроцентралата Волжска, се наоѓа зграда долга 1.400 метри, локално позната како Спартановка. Денеска е дом на околу 3.500 жители, кои се распоредени во 1.400 станови. Комплексот располага со голем број локали за широка намена, пошти, амбуланти и градинки.

8. Станбена зграда во Киев

киев

 

По 11 години изградба, во 1980 година, првите станари се вселиле во зградата долга 1.240 метри, која се состои од 40 објекти со вкупно 120 влезови. Самата зграда потсетува на саќе, а се простира на над 375.000 квадратни метри. Во комплексот, кој се состои од 68 единици, има околу 4.500 станови во кои живеат над 12.000 луѓе. Паркот шума Теремки, исто така, додава убавината на оваа зграда.

Должината на целиот објект е 1.750 метри, а ако се земат предвид и помошните згради и објекти, „саќето“ во Киев е долго дури 2.800 метри, а ако сакате да го обиколите со превоз, ќе мора да одите четири станици. Ова е и најдолгата зграда во Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top