Најдолгиот пешачки висечки мост во светот всушност не е наменет за пешаците, но е за адреналински зависници кои едвај чекаат да скокаат од него.
Во Националниот парк Сочи во Русија, над провалијата длабока дури 198 метри, изграден е мост во должина од 548 метри. Мостот Sochi Skypark е направен во соработка со стручните тимови од Нов Зеланд, a за негово завршување биле потребни две години работа, 750 тони метал и 2000 кубни метри бетон. Мостот заедно со банџи платформата е направен од осум кабли со пречник од 52 мм – секој, со носивост од дури 300 тони.
Секој што има можност да го посети Сочи, а притоа е љубител на екстремните спортови, овој мост дефинитивно треба да го „проба“. Она што е карактеристично за него е дека од мостот се пружа фантастичен поглед на реката и планините, како и висината на провалијата од 198 метри.