Кинескиот мост Zhangjiajie кој со своите 300 метри височина и 430 метри должина сруши неколку светски рекорди, за жал е затворен поради „огромниот наплив на посетители“.
Импресивниот стаклен мост отворен е во Кина со голема помпа на 20 август. Меѓутоа, затворен е само после 13 дена! Преку него веќе не може да се преминува и прашање е дали некогаш и ќе биде можно.
Како што изјавиле надлежните за CNN, тие се „преплавени од страна на туристите“. Во еден момент на мостот може да се најдат 800 луѓе, што значи дека дневниот капацитет е од околу 8.000 луѓе. Меѓутоа, според изјавите на надлежните, околу 80.000 луѓе сакаат да го преминуваат стаклениот мост секој ден.
Според соопштението, владата го затвори мостот, заради „итно подобрување и реконструкција“.
На прашањето дали стаклото има пукнатини, одговорот е дека не постојат„никакви проблеми“, ниту пак „какви било незгоди“.