Панамериканскиот автопат (Pan-American Highway) е систем на автопатишта кој ги поврзува Северна и Јужна Америка. Мрежата на патишта со вкупна должина од речиси 48.000 километри го прави автопатот најдолг на светот, со еден прекин од 90 километри наречен Даријев Гап, помеѓу Панама и Колумбија. Прекинот е поради непроодните прашуми и Панамскиот канал.
Овој комплексен автопатски систем, кој се протега од Алјаска и Канада до Чиле, Аргентина и Бразил, потекнал од идејата за пат што ќе минува низ двата континента. Во 1889 година, на Првата меѓународна конференција на американските држави, САД предложиле поврзување со своите соседи низ целиот континент.
Идејата е одобрена во 1923 година на Шестата конференција која се одржала на Куба. Тогаш се разгледувала идејата за двонасочен асфалтен пат што ги поврзува земјите, но со текот на времето амбициите се зголемиле, па денес тој е цела низа автопати на земјите учеснички.
Конечно, на 29 јули 1937 година, во последните години на Големата депресија, потпишале Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Костарика, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас, Мексико, Никарагва, Панама, Перу, Канада и САД, Конвенција за панамериканскиот автопат, со која се согласиле да постигнат брза изградба, со сите потребни средства. Во 1950 година, Мексико станува првата латиноамериканска земја која сама го финасирала и го завршила својот дел од автопатот.
Овој најдолг автопат кој поминува низ 16 држави ги поврзува двата континента – две Америки, од Алјска до местото Ушуаиа во Аргентина. Патувањето по овој автопат, покрај интересниот пејзаж, на патниците им нуди и менување на културолошките и етнолошките доживувања.
Држави низ кои поминува
Северна Америка
Соединети Држави
Мексико
Гватемала
Ел Салвадор
Хондурас
Никарагва
Костарика
Панама
Јужна Америка
Суринам
Гвајана
Венецуела
Колумбија
Еквадор
Перу
Чиле
Аргентина