Во текот на годинава што изминува Ви претставивме многу иновативни концепти на згради кои го привлекоа вниманието на светската стручна и поширока јавност. Во продолжение Ви го презентираме изборот на најдобрите згради во светот во 2017 според порталот за наука и технологија New Atlas. Во нашата рубрика “Архитектура“, во изминатиот период биле претставени речиси без исклучок истите овие објекти, а линковите до соодветните написи исто така Ви ги обезбедуваме во продолжение.
Lego House – BIG
Соработката помеќу компанијата LEGO и Bjarke Ingels Group (BIG) резултираше во прекрасен објект во „родното место“ на LEGO во Данска. Нашата сторија за овој објект погледнете ја ОВДЕ
Zeitz MOCAA – Heatherwick Studio
Heatherwick Studio во последно време е на мета на јавноста поради неуспехот и лошо замислената идеја на проектот „Garden Bridge“, но компанијата се врати на „нозе“ со еден од своите најуспешни проекти во историјата – „Zeitz MOCAA“. Музејот на современата африканска уметност во Кејптаун е изграден под конструкцијата на силос за жито од 1920-тите години.
KAPSARC – Zaha Hadid Architects
И покрај нејзината ненадејна смрт, компанијата на Заха Хадид продолжи со истото темпо и со извонредните резултати. Најновиот успех е зградата на „KAPSARC“ (King Abdullah Petroleum Studies and Research Center ), непрофитната институција задолжена за истражување на поефикасна употреба на енергијата во Саудиска Арабија. Се работи за хексагонална призматична конструкција во облик на саќе која максимално е заштитена од прекумерно сончево зрачење и обезбедува природна вентилација. Нашиот претходно објавен напис за проектот прочитајте го ОВДЕ
CTF Finance Centre – KPF
Земјата во која се наѓаат војниците од теракота (Terracotta Army) воедно е и место каде се наоѓа највисоката кула од теракота на светот. Kohn Pedersen Fox Associates го проектираа „CTF“ финансискиот центар во Гуангџо во Кина. Овој облакодер висок 530 метри се смета за петта највисока зграда на светот. Зошто е користена теракота? – KPF се осврнува на нејзината употреба низ историјата, и ја истакнува нејзината еколошка прифатливост и предност во однос на алуминиумот, стаклото или челикот.
La Seine Musicale – Shigeru Ban
Shigeru Ban кој е познат по користењето на ефтини материјали со кои градеше засолништа за бегалци, но неговата „La Seine Musicale“ во Париз, потсетува дека овој познат архитект е совршено способен за големи и скапи проекти. Повеќе на линкот ОВДЕ
Bamboo Sports Hall – Chiangmai Life Architects
Бамбусот е изненадувачки цврст градежен материјал со кој може брзо ефтино и одржливо да се гради. Неретко може да се искористи и за раскошно убави објекти како на пример оваа спортска сала во рамките на Panyaden International School на Тајланд. Повеќе детали ОВДЕ
American Copper Buildings – SHoP Architects
„American Copper Buildings“ се згради на Менхетн во Њујорк кои ги проектираше компанијата SHoP. Покриени се со 1,9 милиони kg бакар кој веќе почнува да создава патина. Овие луксузни резиденцијални објекти се накривени еден кон друг, па изгледаат како да танцуваат. Поопширно за овој објект сме пишувале ОВДЕ
Apple Park – Foster+Partners
Иако објектот е веќе во употреба, сеуште е мистерија кога „Apple Park“ ќе биде целосно комплетиран. Ова импресивно инженерско достигнување го проектираше компанијата Foster + Partners. Повеќе за овој објект прочитајте ОВДЕ
Copenhagen International School – C.F. Møller Architects
Соларните панели често се сметааат за непривлечни додатоци на објектите и истите се скриени надвор од погледите. Меѓутоа компанијата C.F. Møller го проектираше училиштето „Copenhagen International School“ сосема во спротивност со ова убедување, бидејќи кај овој објект токму соларните панели се главната карактеристика. Повеќе информации за овој објект ОВДЕ
Louvre Abu Dhabi – Jean Nouvel
За изградбата на „Louvre Abu Dhabi“ според проектот на францускиот архитект Jean Nouvel, потребни беа над 10 години и неколку стотици милиони долари. Комплексот е составен од 55 одвоени згради и замислен е како уметнички архипелаг до кој може да се дојде и од копно и од вода. За повеќе детали погледајте го нашиот напис ОВДЕ