Насловна / Архитектура / Најдобрите велосипедски патеки

Најдобрите велосипедски патеки

Bicycle Architecture Biennale е фестивал кој истражува како дизајнот и архитектурата можат да се искористат во насока на проектирање на различни патеки за велосипедисти. Во продолжение Ви претставуваме некои од најинтерсните решенија претставени на фестивалот. Оваа година учествуваат 15 проекти кои се избрани ширум светот со цел да се покаже предноста од користењето на велосипедите, односно промовирањето на здрав начин на живот, почиста животна средина, но и економски придобивки. Од вкупниот број, 11 проекти се веќе реализирани.

Меѓу поимпресивните проекти е и завршената велосипедска патека Xiamen, која овозможува велосипедистите слободно да се движат долж 8km затворената патека над градските улици. Спојувајќи пет големи стамбени подрачја и три деловни центри, таа е првата висечка велосипедска патека во светот.

biennale2

biennale3

Исто така привлечна е и велосипедската патека Cycling Through Water, која со својот дел од 200 метри минува низ рибник и е дел од рутата во Лимберг во Белгија. Бетонската патека која изгледа како да е потопена, овозможува поглед на површината на водата на ниво на велосипедистите.

biennale4

fietsen doorhet water

Другите поинтересни проекти се:  Cycling through the trees – бетонска патека долга 700 метри која минува низ зелените предели на Белгија и Melkwegbridge – велосипедска патека со мост во Холандија.

biennale6

biennale7

 

Испрати коментар

Scroll To Top