Насловна / Архитектура / Најдобрите нови одржливи згради

Најдобрите нови одржливи згради

Американскиот институт за архитекти (AIA) и Комитетот за заштита на животната средина (COTE), како и претходните години, доделија награди за најдобри одржливи градежни проекти. Секоја година, програмата препознава 10 проекти кои комбинираат извонредност во дизајнот и перформансите во животната средина, а кои можат да се лоцираат каде било во светот, но мора да бидат проекти на американски компании, односно компании овластени да вршат ваков вид активност во Соединетите држави. Сепак, сите топ 10 за оваа година се во САД.

objekti
Генслер доби три награди за проекти фокусирани на адаптивна повторна употреба, додека Lake | Flato Architects добија две награди за проекти кои се конкретно фокусирани на заедницата. Годинава добитник на наградата „COTE Top Ten Plus Award“ е LPA за Центарот за заштита на животната средина и предучилишно образование во Њупорт  Бич, Калифорнија, што е иновативно место за поврзување на заедницата со природата.

objekti1
Годинашниот голем победник е компанијата Генслер, а од нејзините проекти се издвојува онаа што се однесува на реконструкцијата на седиштето на Etsy. Станува збор за проект за реновирање што вклучува употреба на рециклирани материјали за обнова на постојната канцелариска зграда во Бруклин, Њујорк. Она што го карактеризира овој проект е дека реконструкцијата предвидуваше поминување на голема количина сончева светлина во зградата, дека водената кула на покривот била демонтирана и дрво се користело за создавање на скалите. Внатрешноста е подобрена со цел вработените да се чувствуваат поудобно, така што е инсталирано многу зеленило, вклучително и зелени sидови, но и повеќе терасовидни области. Во објектот за снабдување со енергија се користат соларни панели. Инсталирани се и системи за собирање дождовница, кои се користат за наводнување.

objekti2
Компанија Lake | Flato Architects исто така можат да бидат задоволни од учеството оваа година бидејќи дизајнира две наградувани згради. Поистакнат проект е Централната библиотека во Остин, која доби пофалби за своето природно осветлување и енергетски ефикасен дизајн, кој доби LEED Platinum сертификат (зелен градежен стандард). Значајни одржливи елементи вклучувајќи и голема низа соларни панели на покривот што годишно произведува повеќе од 273,000kWh електрична енергија, обезбедува сенка за посетителите во кровната градина на зградата, но исто така ја одржува климата на оптимално ниво бидејќи ја намалува сончевата топлина. Инсталиран е и систем за собирање на дождовница и се користи за наводнување и испирање на тоалетите.
Заедничко за годинешните победници беше максимизирање на дневната светлина во просториите.

objekti3

objekti4

Испрати коментар

Scroll To Top