На церемонија што се одржа во Лондон минатата недела, музејот за Модерна уметност во Њујорк (MOMA) беше прогласен за добитник на наградата Leading Culture Destination 2015, како водечка дестинација за посета од областа на културата. Наградата е доделена поради успехот на музејот во своето долгогодишно работење, поради својата програма и специфичното архитектонско искуство кое го нуди на посетителите.
Останати добитници на оваа престижна награда се:
Музејот Tate Modern – Лондон, награда за најдобра изложба
Фондацијата Луис Витон – Париз, награда за најдобра архитектура и просторен дизајн
Музејот за Модерна уметност – Њујорк, награда за најдобро дигитално искуство
Центарот Помпиду – Париз, награда за најдобро место за храна и пијалак
Музејот Victoria&Albert – Лондон, награда за најдобра продавница за сувенири
The Whitworth – Универзитетот во Манчестер, награда за најдобра дестинација од областа на културата во Европа
Музејот на уметност Oita Prefectural – Јапонија, награда за најдобра дестинација од областа на културата во Азија
Marrakech Museum for Photography and Visual Arts – Maроко, награда за најдобра дестинација од областа на културата во Африка
Whitney Museum of American Art – Њујорк, награда за најдобра дестинација од областа на културата во Северна Америка
Gran Museo del Mundo Maya de Mérida – Мексико, награда за најдобра дестинација од областа на културата во Централна и Јужна Америка
La Colombe d’Or – Франција, награда за најдобро уметничко искуство во хотел
Мексико – награда за најдобар град за посета од областа на културата