Насловна / Вести / Најдобрите градови за живеење во 2023 година според луѓето кои живеат во странство

Најдобрите градови за живеење во 2023 година според луѓето кои живеат во странство

InterNations, најголемата глобална заедница за луѓе кои живеат и работат во странство, штотуку ја објави својата ранг листа Expat City Ranking, извештај за најдобрите места за живеење во 2023 година.

m1

Малага

Најдобрите градови за живеење, вкупно 49, рангирани се врз основа на тоа како се чувствувале иселениците додека живееле и работеле во странство. InterNations анкетираше повеќе од 12.000 иселеници ширум светот, кои претставуваат 177 националности и живеат во 181 земја. Извештајот ги разгледувал факторите како што се квалитетот на животот, леснотијата на живеење, личните финансии итн.

mal

Малага

Најдобрите градови за живот се во Шпанија

Оваа година, Малага во Шпанија го зазеде првото место – со што е најдобар град во светот за живеење и работа. Еден од најстарите градови во светот, се наоѓа во Андалузија. Покрај тоа што е познат како родното место на Пабло Пикасо, овој медитерански град е познат и по својата богата историја, уметничка и културна сцена, пријатната клима и одличната храна.

Малага не само што е на врвот на севкупната листа, туку е рангирана и на прво место по љубезност и гостопримство на локалците, климата и временските услови. Зазеде првото место и во поткатегориите работа и слободно време и баланс помеѓу работа и приватен живот.

all

Аликанте

Иселениците, исто така се воодушевени од безбедноста на Малага, пристапниот јавен превоз, бројните рекреативни спортови и добриот социјален живот. Една голема маана: Малага го завзема 41. место на локалниот пазар на труд.

Всушност, Шпанија беше големиот победник оваа година, со вкупно пет градови во топ 20. На второто и третото место се Аликанте и Валенсија (која беше на врвот на минатогодишната листа). Според InterNations, Малага, Аликанте и Валенсија имаат неколку заеднички работи – леснотија на живеење и висок квалитет на живот и добри лични финансии, според Форбс.

Мадрид е рангиран на шестото место благодарение на силниот дигитален живот, добрите лични финансии и високиот квалитет на живот. Во топ 20 се појави и Барселона која го зазема 13. место.

madr

Мадрид

Најниско рангирани земји

На дното на листата се два италијански града – Милано на 49. место и Рим на 48. место, а следи канадски Ванкувер на 47. место.

„Иселениците во два италијански града ги делат истите проблеми“, се вели во соопштението на InterNations. „Луѓето се особено разочарани од лошиот квалитет на живот и лошите услови за работа. Ванкувер, од друга страна, е местото каде што иселениците се најнесреќни и најмногу се борат со нивните лични финансии“.

Најдобрите градови за живеење во 2023 година

  1. Малага, Шпанија
  2. Аликанте, Шпанија
  3. Валенсија, Шпанија
  4. Рас Ал Каим, ОАЕ
  5. Абу Даби, ОАЕ
  6. Мадрид, Шпанија
  7. Мексико Сити, Мексико
  8. Куала Лумпур, Малезија
  9. Банкок, Тајланд
  10. Мускат, Оман
  11. Дубаи, ОАЕ
  12. Лисабон, Португалија
  13. Барселона, Шпанија
  14. Амстердам, Холандија
  15. Најроби, Кенија
  16. Цирих, Швајцарија
  17. Атина, Грција
  18. Стокхолм, Шведска
  19. Луксембург Сити, Луксембург
  20. Хаг, Холандија

ber

Берллин

Најнепожелни градови за живеење во 2023 година

  1. Милано, Италија
  2. Рим, Италија
  3. Ванкувер, Канада
  4. Хамбург, Германија
  5. Берлин, Германија
  6. Даблин, Ирска
  7. Истанбул, Турција
  8. Лондон, Велика Британија
  9. Париз, Франција
  10. Сеул, Јужна Кореја

l1

Лондон

Испрати коментар

Scroll To Top