Оваа година титулата Најдобар фотограф на архитектура ја доби динамичното дуо Hufton+Crow со освојување на признанието за феноменалната фотографија во категориајта Ентериери: скалите на Heydar Aliyev Centar, проект на Заха Хадид кој се наоѓа во центарот на Баку, Азербејџан. Hufton+Crow беа прогласени за „Архитектонски фотограф за 2014 година“ од Arcaid Images, учествувајќи на напреварот и прогласени во склоп на манифестацијата Светски фестивал на архитектура 2014 што се одржа во Сингапур.
Дваесет фотографи се натпреваруваа за оваа награда. Фотографијата што ги доби највисоките оценки беше избрана после внмателно и детално анализирање на пристигнатите трудови. Во конкуренција беа четири категории: Екстериер, Ентериер, Чувство на место и Објекти во употреба. Титулата за анјдобар фотограф ја доби фотографијата на која фотографот успеал да ја долови флуидната геометрија на скалишниот простор од центарот во Баку, на архитект Заха Хадид.
Двата искусни фотографи од Hufton+Crow се исто така номинирани во потесниот круг во категоријата Екстериер. Подолу се прикажани и останатите наградени и заслужни фотографи.