Организацијата за доделување на наградата за најдобра фотографија од областа на архитектурата Archaid Award ја објави листата од 20 фотографии што се групирани во четири категории: екстериер, ентериер, место и објект во употреба. Сите фотографии се оценети според квалитет на атмосфера, композиција, големина на фотографија и други квалификации и истите се очекува да бидат изложени на Marina Bay Sands во Сингапур од 4-ти до 6-ти ноември.