Неодамнешното истражување на производителот на работна облека за градежништвото Workwear Guru се обидува да ги идентификува најдобрите места за работа за градежните работници ширум светот. Студијата зема во предвид три главни фактори за рангирање на земјите: просечни плати во секторот, безбедност и трошоци на живот. Притоа, во однос на трошоците на живот се користат податоци од Cost of Living index и Numbeo. Индексот ги споредува земјите и градовите според трошоците за сообраќајот, храната и сл. Земјите со повисоки трошоци на живот имаат понизок скор.
Со користење на податоците од Salaryexplorer, студијата исто така ги споредува просечните плати за градежните работници и ги адаптира на индексот за трошоци на живот за секоја земја. Имајќи во предвид дека градежништвото е една од најопасните индустрии со 250 инциденти на 10,000 FTE, предноста од безбедноста на градилиштата е повеќе од јасна при утврдувањето на конечното рангирање. Со користење на податоци од Lloyd’s Register Foundation, безбедноста за земјите во Европа и во светот е измерена како процент од испитаниците кои одговориле афирмативно за условите во поглед на безбедно работно место наспроти оние кои претрпеле сериозна повреда на работа.
Ова се топ 10 земји во Европа:
1. Швајцарија
Просечна плата: $79, 159
Трошоци на живот: 125.02
Безбедност: 13%
2. Велика Британија
Просечна плата: $57,957
Трошоци на живот: 70.64
Безбедност: 8%
3. Белгија
Просечна плата: $53,501
Трошоци на живот: 75.79
Безбедност: 12%
4. Луксембург
Просечна плата: $40,731
Трошоци на живот: 85.3
Безбедност: 11%
5. Холандија
Просечна плата: $41,312
Трошоци на живот: 78.93
Безбедност: 15%
6. Данска
Просечна плата: $45,295
Трошоци на живот: 88.53
Безбедност: 20%
7. Финска
Просечна плата: $38,843
Трошоци на живот: 76.35
Безбедност: 18%
8. Норвешка
Просечна плата: $40,326
Трошоци на живот: 103.56
Безбедност: 14%
9. Малта
Просечна плата: $38,366
Трошоци на живот: 72.92
Безбедност: 19%
10. Франција
Просечна плата: $34,270
Трошоци на живот: 77.59
Безбедност: 11%