Дизајнот на лобито во хотелот „Hotel Hotel“ во Канбера, Австралија, од архитектонското студио March, ја освои наградата за најдобар ентериер за 2015 година. На овогодишниот фестивал за архитектура и ентериери, кој се одржа во Сингапур, дизајнот на лобито победи во категорија меѓу 100 номинирани проекти.
Дизајнот на eнтериерот се базира на мултиплицирање на фрагментирани елементи кои даваат уникатен влез во лобито. Парчињата дрво се поставени така што создаваат ефект на тунел од рецепцијата кон главниот влез во хотелот.