Насловна / Арт и дизајн / Најдобри шолји за кафе во светот

Најдобри шолји за кафе во светот

Лондонската компанија DeVIEHL го претвора пиењето кафе во луксузно искуство…

01

Andreas Bos и Jonathan Strauss, основачите на оваа компанија, ги фокусирале своите комплементарни вештини и искуство стекнато во производство на луксузни часовници, инженерска прецизност и иновации на производи за да дизајнираат совршена шолја за кафе. Тие успеаја да произведат нешто што му недостигаше на целиот свет. Дизајнирана да маѓепса – иновативно обликувана, со 25 посебни компоненти, шолјата за кафе DeVIEHL е направена од неконвенционални материјали; водоотпорна кожа, јаглеродни влакна и егзотично дрво.

0 With Deviehl Cups Coffee Drinking Is A Luxury Pleasure

Троделните сетови се состојат од иновативна конусна шолја, елегантно постоље (кое ја држи шолјата уредно на место, благодарение гумен систем за држење) и супер-елегантна лажичка од нерѓосувачки челик. Секоја шолја е рачно креирана од висококвалификувани мајстори користејќи технолошки напредни материјали. Шолјите се тактилни и со фини пропорции по форма и големина за природно држење за да се обезбеди возвишено искуство на пиење кафе.

5

Можеби најпосакуваната карактеристика на овие шолји е нивната способност да го оптимизираат максималното создавање на пена. „Формата на традиционалната шолја не е погодна за зголемување на пената што прави одлична шолја кафе“, објаснува Воѕ, и затоа внатрешната форма на шолјите DeVIEHL е формирана така за да создава вртлог кога кафето се истура во неа, што ја подобрува секоја нијанса на вкус и она најважното, пената.

With Deviehl Cups Coffee Drinking Is A Luxury Pleasure 03 1

Испрати коментар

Scroll To Top