Сајтот за архитектура и дизјн Dezeen објави листа на најдобрите куќи за 2020 година на светско ниво, а во продолжение Ви претставуваме некои од нив.
Куќа во Лос Вилос, Чиле (Office of Ryue Nishizawa)
Со впечатлив брановиден бетонски покрив, оваа куќа дело на добитникот на Прицкеровата награда, Ryue Nishizawa, е лоцирана покрај Тихиот Океан. Нејзиниот скулптурен облик претставува огледало на околниот карпест предел, сегментиран но истовремено поврзан во три слеани целини.
Casa Mérida, Мексико (Ludwig Godefroy)
Оваа бетонска куќа во Mérida, Yucatán, е проектирана од Ludwig Godefroy со цел да се оддаде почит на наследството на Маите. Меѓу главните карактеристики на овој објект се долгата фрагментирана основа испресечена со надворешен простор, со што потсетува на стариот систем на изведба на патишта на Маите, а во случајов овозможува доволно природна вентилација на просторот.
Куќа со стаклена градина, Чешка (RicharDavidArchitekti)
Интересен концепт каде куќата е споена со стаклена градина за одгледување на кактуси. Просторот над градината е искористен за пространа тераса, а овозможен е и прекрасен панорамски поглед на околината.