Жирито на World Architecture Festival Awards што се одржа во Сингапур ги објави архитектонските остварувања , кои оваа година се најдоа на листата на најдобри за 2013 година. Проектите секоја година се делат на три основни категории: реализирани објекти , уредување на околина и идни проекти, и подкатегории вклучувајќи ги за „Најдобра станбена зграда“, „Најдобра деловна зграда“, „Најдобар хотел“, и уште неколку други.
Најдобра станбена зграда
За најинтересни станбени проекти оваа година се прогласени станови на 28. улица во Њујорк, дизајнирани од страна на американското студио Koning Eizenberg Architecture. Жирито ја пофали храброста на идејата (иако зградата е сместена во една стара и конзервативна област) и вклопувањето на креативната архитектура со животната функционалност.
Најдобра деловна зграда
Оваа година во категоријата „Најдобра деловна зграда“ победи објектот на нафтената компанија Statoil во Осло, како проект во кој група на бетонски блокови се наредени една врз друга за да изгуби строгост на изградбата. Се работи за дело на норвешкото студио A-Lab.
Најдобар изложбен проект
The Blue Planet aquarium во предградие на Копенхаген е најдобриот образовно-изложбен проект за оваа година. И заслужено, во овој објект дизајниран од данското архитектонско студио 3XN, живеат 20.000 живи суштества и 450 животински видови.
Најдобар хотел
Апсолутен победник во оваа категорија е хотелот Citizen M London Bankside во Лондон – впечатливо решение на светскиот хотелски синџир (Глазгов, Париз, Амстердам, Њујорк) од страна на холандското архитектонско студио Concrete.
Најдобро уредување на околина
Туристичкиот парк The Australian Garden е победник за оваа година. Парк е уникатно место во кое се застапени различни поднебја (од пустински пејзажи до езера) и во согласност со нив формиран е дел за секој од нив со највпечатливи растенија кои ги има вкупно 170.000.
Најдобро научно-образовно здание
Наградата ја доби објектот Forum Project при University of Exeter, кој се состои од брановиден покрив, опремена библиотека, кафетерија и заедничка просторија за состаноци. Автори на проектот се архитекти од британското студио Wilkinson Eyre Architects.