Фотографијата на објект во Швајцарија на фотографот Fernando Guerra е избрана за најдобра од областа на архитектурата за 2015 година. Португалскиот фотограф официјално беше прогласен за победник на 2015 Arcaid Images Architectural Photography Awards, како дел од фестивалот за архитектура кој се одржа во Сингапур.
На фотографијата што ја документирал е претставен објект со мешовита намена наречен EPFL Quartier Nord од Richard Dahl Rocha & Associes и на неа преовладуваат портокалови, жолти и зелени бои и тонови.
Победникот бил избран од стручното жири составено од архитектонското дуо Katy Harris и Ian Moore, како и минатогодишните победници за најдобра фотографија Hufton+Crow. Фотографот за овој свој успех е награден со парична награда од 3.000 фунти.