Насловна / Архитектура / Најдобра зграда на Светскиот фестивал на архитектурата – Quay Quarter Tower во Сиднеј

Најдобра зграда на Светскиот фестивал на архитектурата – Quay Quarter Tower во Сиднеј

На последниот ден од годишниот Светски фестивал на архитектурата (WAF) во Лисабон, Португалија, беше прогласена најдобрата градба на годината. Кулата Quay Quarter Tower, дело на 3XN Architects, наградена е со титулата „World Building of the Year“ за нејзиниот впечатлив дизајн и паметното пренаменување на постоечката кула.

2

Quay Quarter Tower се наоѓа на истакнато место во Австралија, во близина на познатата опера во Сиднеј. Облакодерот е уреден како низа од пет наслагани поместени блокови и достигнува максимална висина од 206 метри. Неговата необична форма создава повеќе атриумски простори во зградата и нуди флексибилен канцелариски простор со одличен поглед и природна светлина.

1

Што се однесува до структурата, оваа зграда е повеќе реконструкција отколку нова градба, а 3XN Architects повторно го искористиле јадрото и повеќето столбови и греди од типичната правоаголна канцелариска кула што е изградена уште во 1976 година.

3

Програмскиот директор на Светскиот фестивал за архитектура, Пол Финч, вели дека победникот добил задача да обезбеди зграда на одлична локација и да задржи голем дел од постоечката комерцијална кула стара 50 години, а резултатот бил одличен пример за адаптивна повторна употреба. Тој смета дека кулата има одлична приказна за јаглерод и е пример за антиципативен дизајн на работен простор.

4

Наградата за пејзаж на годината (The Landscape of the Year) им припадна на Shancun Atelier, Архитектонската школа на Универзитетот Tsinghua и Институтот за архитектонско проектирање Anshun за проектот насловен како Конзервација и рехабилитација на руралниот пејзаж Gaodang: село на етничкото малцинство Buyi во југозападна Кина. Проектот се фокусиран на традиционално село во оддалечена планинска област и вклучува обнова и поправка на постоечките структури и повторно воспоставување одводни канали и оризови полиња, обезбедувајќи одржливост на селото за идните генерации.

5

Идниот проект на годината (The Future Project of the Year) ги слави најдобрите згради во светот што допрва треба да се завршат. Овогодинешниот победник е Иранската патека на соништата / Врска помеѓу спортско-рекреативниот парк и културната улица, проект на CAATStudio. Проектот предвидува нова пешачка и велосипедска патека во западниот дел на комплексот ридови Абас Абад во Техеран.

6

ir

Наградата VAFX ги слави предлозите кои се однесуваат на глобалните предизвици. Овогодинешниот победник е BAD – изграден од Associative Data + Guallart Architects за нивниот проект The Tower of Life, проектиран за Сенегал, Африка. Концептуалниот облакодер ќе има фасада направена од 3Д печатена глина од локално потекло и ќе вклучува многу зеленило и обновливи извори на енергија.

7

Ентериер на годината за Детската библиотека Pingtan, проектанти бирото Condition_Lab. Библиотеката се наоѓа во селото Dong во Pingtan, провинцијата Tongdao, Hunan, во Кина. Оваа мала дрвена структура, висока три ката и површина од приближно 80 квадратни метри е целосно изградена во дрво и се наоѓа во дворот на основното училиште за 400 деца.

g

Вредноста на овој проект лежи во две основни лекции. Првата се однесува директно на децата од кои освен уживањето во играњето во библиотеката, сфатија дека нивната култура е жива и останува релевантна во овој свет кој брзо се менува. Втората се однесува на дисциплината, во момент кога архитектурата, особено во урбана метропола како Хонг Конг, се чини дека ја изгубила својата душа. Општественото влијание не бара големи финансиски инвестиции, дизајнот не е ограничен на проекти од високата класа, а архитектурата мора да има цел.

g1

g2

Наградата за најдобра употреба на сертифицирано дрво (The Best Use of Certified Timber Prize), која промовира згради направени од дрво од одржлив извор, припадна на Spain’s Paseo Mallorca 15, зад која стои OHLAB. Судиите ја пофалија употребата на природна светлина во проектот и неговата енергетска ефикасност. Проектот е оценет како пасивна куќа на зелена градба, што значи дека бара многу малку енергија за да се одржи удобна температура внатре, без оглед на временските услови.

8

Добитник на награда за инженерство (Engineering Prize Winner) е објектот Orange Village во Абиџан. Преку архитектонски пристап темелен на одржливост, архитектите од бирото Koffi & Diabaté Architectes избрале да проектираат импозантна зграда со футуристички стил на седум нивоа во форма на прстени со дијаметар од 68 метри.

ab

Згеадата Orange Village во Абиџан — најголемиот и поранешен главен град на Брегот на Слоновата Коска, се обидува, преку проектантскиот пристап, да го истакне урбаниот пејзаж на Абиџан, станувајќи референтна зграда што го структурира, организира и фрла светлина на паркот во урбанистичкиот план на населбата Ривиера Голф. Овој проект е дел од силната енергетска и еколошка стратегија насочена кон намалување на потрошувачката на енергија. Грижата за издржливоста на конструкцијата се рогледува во природата на избраните материјали за најекспонираните структури на фасадата.

DCIM100MEDIADJI_0335.JPG

ab1

Испрати коментар

Scroll To Top