Насловна / Архитектура / Најдобра куќа во Норвешка

Најдобра куќа во Норвешка

Почитувајќи ја потребата за мир и приватност, дури и помеѓу членовите на најтесното семејство, архитектот Snorre Stinessen проектирал оригинална и комплексна куќа за одмор на полуостровот Маланген на северот на Норвешка.

нас
Сместена на околу еден час возење од градот Тромсо, куќата всушност се состои од низа поврзани колиби со централна зимска градина.

1
Главниот влез е клизна дабова врата низ која се влегува во централната просторија, срцето на домот, која е опремена со камин и кујнско острово.

2
Благодарание на големите балконски врати, просторијата служи и како зимска градина и како летна кујна кога дозволуваат временските услови.

3
Сместена во средина, централната просторија го поврзува главниот дел на куќата и анексот, кои се составени од по два сегмента.

4
Оваа наткриена мултифункционална зона, која се грее со камин, пружа дополнителна заштита на главните делови на куќата за време на ветровитите и дожливи денови.

5
Лево се влегува во главниот дел на куќата, кој го сочинуваат два волумена: во првиот се сместени детска соба и помала дневна просторија, додека во другиот дел се наоѓаат главната спална соба и купатилото.

6
Во продолжение е уште еден објект со поврзана кујна, трпезарија и дневна соба. Како импресивна пејзажна слика, големиот прозорец во оваа просторија го врамува панорама на фјорд со последни зраци на залаез на сонце.

7
Главниот декоративен елемент на ентериерот се стаклените површини кои овозможуваат станарите на куќата, константно да бидат во допир со природата.

8

Во анексот се сместени помошните простории, сауна, соба за гости и теретана. Сауната со зидови од кедар нуди релаксирање со поглед на околината.

9
Меѓу секој од овие сегменти се наоѓа застаклен меѓупростор кој служи како додатна просторија за игра или место за осама и уживање со поглед на живописните норвешки планини и фјордови, кога времето е многу ладно и лошо за боравок на отворено.

10
Таваницата во меѓупросторите е изработена од дабови даски, кои по третирањето со хемиско соединение железосулфат, ја добиваат црната боја.

11
„Даските од кедар на фасадата како и на некои внатрешни ѕидови, третирани се со железосулфат и чувани се надвор неколку месеци пред да бидат употребени, поради тоа рамномерно да попримат патина.“, вели архитектот.

12
Германскиот дизајнерски совет на овој проект му додели значајна награда за иновации во архитектурата „Iconic Award” за 2018. година. Куќата се закити и со признанието Best of Best за најдобра приватна куќа во Норвешка.

14

Еден коментар

  1. Lektorirajte si gi tekstovite, sramota e.

Испрати коментар

Scroll To Top