Базенот Y-40 The Deep Joy е проект на архитектот Емануел Боарето за Hotel Terme Millepini-Montegrotto Terme во Италија. Овој базен има димензии 21 x 18 метри и максимална длабочина од 40 метри, што е еквивалентно со нуркање во висина од 12-катна зграда. Со вакви специфики, нема сомнеж дека ова ќе биде најдлабокиот базен во светот.
Проектот е креиран со голема амбиција да стане „најдобар пливачки базен во светот“. Ќе биде отворен во тек на целата година и ќе нуди многу активности, како нуркање со опрема, нуркање без опрема, аква-фитнес и други активности во вода.