Во Полска, на 40 километри од Варшава, во градот Машцонов, е отворен нуркачки базен длабок 45,5 метри. Комплексот на базени „Deepspot“ има осум илјади кубни метри вода, што е 20 пати повеќе од количината на вода во обичен базен. Во комплексот постојат бројни имитации кои личат на подводни пештери и урнатини на цивилизацијата на Маите.
За разлика од обичните базени, базенот „Deepspot“ прима посетители и покрај пандемијата на коронавирусот, бидејќи е наменет за нуркачи и нивна обука. Предвидена е и изградба на хотел, чии соби ќе понудат поглед на внатрешноста на базенот.
Актуелен носител на Гинисовиот рекорд е базенот лоциран во Терме Монтегрото во Италија, кој е длабок 42 метри.
Сепак, овој необичен базен во Полска ќе го држи рекордот само половина година, бидејќи дотогаш ќе биде завршен „Синиот амбис“, кој во моментов се гради во Колчестер во Велика Британија, а кој ќе биде длабок 50 метри. Базенот „Сина бездна“ ќе биде отворен во 2021 година.