Хотел во Берлин, чиј неочекуван дизајн на собите привлекува посетители во потрага по необични понуди. Во хотелот Propeller Island City Lodge не се наоѓаат само 31 соба, туку и толку различни концепти. Автор на необичниот хотел е германскиот скулптор Lars Stroschen, кој просторот го претворил во „музеј“ со опција за резервација на соби од кои секоја е инсталација за себе.
Во понудата, на пример, има соба во која креветот изгледа како да лебди, соба со кревет кој е дизајниран како ковчег, апартман во кој креветот е во кафез, а има и простории кои изгледаат како недовршени или како да се распаднати, а сепак покрај големата дупка во ѕидот е поставен голем кревет за два авантуристи.
Целиот мебел е во потполност уникатен, како и секое дизајнерско парче во ентериерот. Во мноштвото необичности што ги нуди самиот Берлин, овој хотел е сигурно на врвот на листата на посетителите на овој град желни за поинакви авантури.