Квалитетот на европската вода за капење е драматично подобрен во последните децении, а новиот извештај објавен оваа недела од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) открива дека скоро 85 отсто од нејзините капалишта сега се рангирани како „одлични“.
Годишниот извештај за водата за капење следеше скоро 22.000 копнени и крајбрежни места за капење низ земјите членки на ЕУ, Албанија и Швајцарија во текот на 2021 година. Велика Британиј, затоа што ја напушти ЕУ, прв пат изостана од извештајот.
Можеби е ладна, но е речиси сто отсто чиста
Австрија која нема излез на море, позната по бројни прекрасни езера, вклучувајќи ги и алпските води на Ахензе во Тирол и Белото езеро со смарагдна боја во Корушка, се наоѓа на врвот на листата, со 97,7 отсто од нејзините води прогласени за одлични.
Веднаш зад неа на врвот на листата се четирите фаворити за одмор на Медитеранот: Малта, Грција, Хрватска и Кипар. Данска и Германија се останатите земји во кои повеќе од девет од 10 локации добија најдобра оценка.
Португалија е на 10-то место, со 88,5%, додека Италија (87,9%) и Шпанија (87,4%) се на 12-то и 13-то место.
Туристичкота жариште Франција заостанува на ранг листата, со 75,7 отсто, додека Полска е најниско рангирана со само 44,5, малку зад Словачка со 50 и Унгарија со 60,2 отсто.
Проценката е составена од ЕЕА во соработка со Европската комисија. Локалните и националните власти земале примероци од водата за време на сезоната на капење и ги анализирале на видови бактерии кои укажуваат на загадување од канализација и добиток.
Водите се оценети како „одлични“, „добри“, „доволни“ или „лоши“, според стандардите на Европската унија.
Пливањето во лоша вода може да доведе до болести – ако водата се проголта, пливачите може да доживеат стомачна болка или дијареа.
Франција има вкупно 99 места за капење кои се оценети како „лоши“, што значи дека тие мораа да бидат затворени во текот на следната сезона за капење, со воведени мерки за намалување на загадувањето и елиминирање на опасностите по здравјето.
Локациите кои се лошо рангирани пет последователни години мора да бидат трајно затворени, како што беше случајот со 31 плажа во Италија, осум во Франција и две во Холандија.
Ова правило е дел од Директивата за води за капење усвоена во 2006 година и се смета дека оттогаш придонела за континуиран раст на уделот на одлични локации.
Квалитетот на водата во ЕУ генерално е висок со минимални стандарди за квалитетот на водата исполнети на 95,2 отсто од сите испитани локации.
Најчисти води за капење во Европа
1. Австрија (97,7%)
2. Малта (96,6%)
3. Грција (95,8%)
4. Хрватска (95,7%)
5. Кипар (93,3%)
6. Данска (91,9%)
7. Германија (90,4%)
8. Бугарија (89,8%)
9. Литванија (89,2%)
10. Португалија (88,5%)