Насловна / Арт и дизајн / Најбараните уметнички слики во светот

Најбараните уметнички слики во светот

Оригиналната уметност се уште е профитабилната, па затоа не е изненадување што медиумите неретко објавуваат дека се пронајдени некои украдени слики на големи уметници.

Експертите напоменуваат дека е полесно да се најде „попозната“ слика, искусните крадци најчесто се определуваат да украдат „име“, односно акцентот го ставаат на уметникот, а не на самото дело.

van_resize

Ван Гог

Меѓу најбараните слики во светот е сликата „Вазна и цвеќиња“ на Винсент Ван Гог, која беше украдена од Каиро во 2010 година и е проценета на 50 милиони долари.

Сликата „Концерт“ на Вермер, проценета на 200 милиони долари, исчезна од музеј во Бостон во 1990 година.

vermer_resize

Вермер

Меѓу најпознатите исчезнати слики се и „Бура во Галилејското Море“ на Рембрант Херменсон ван Рејн „Свети Франсис и Свети Лоренс“ на Караваџо, „Праведни судии“ на Јан ван Ајк, „Портрет на млад човек“ на Рафаело.

rembrant_resize

Рембрант

rafaelo_resize

Рафаело

Слика кој ја краделе четири пати

Портретот на Jaјакоб III де Гејн, насликан од Рембрант, не е украден од британската галерија Дулвич само еднаш, туку четири пати – 1966, 1973, 1981 и 1986 година. Затоа оваа слика е наречена „Рембрант за носење“.

За среќа, сликата е пронајдена по секоја кражба.

jakob_resize

Рембрант

 

Испрати коментар

Scroll To Top