Неодамна Меѓународниот аеродром во Сараево ги извести медиумите дека кон крајот на годината ќе започната работите на реконструкција, односно „модернизација и доградба на Терминал Б“. Притоа, планирано е двојно зголемување на постоечките капацитети, со што аеродромот ќе може да опслужува 2 милиони патници годишно.
Проширувањето на аеродромот треба да обезбеди дополнителни 10.000 квадратни метри простор на четири ката. Стариот и новиот дел ќе бидат поврзани, а за целиот период на одвивање на работите, аеродромот ќе остане во функција и непречено ќе работи. Должината на терминалот ќе се зголеми од 68 на 110 метри, зоната за чекирање ќе се зголеми од сегашните 17 на 28 места, а бројот на излези ќе биде 7 наместо досегашните 4. Проектот вреди 19 милиони евра, а се планира да биде реализиран за 18 месеци.