Насловна / Вести / Најавена изградба на нови ветерни електрани од 150GW во Северното море

Најавена изградба на нови ветерни електрани од 150GW во Северното море

Четири земји од ЕУ – Белгија, Данска, Германија и Холандија, планираат изградба на ветерни електрани на море со капцитет од 150GW, до 2050 година. На самитот во Есбјерг, Данска, највисоките официјални претставници на четирите земји и претседателката на Европската комисија Ursula von der Leyen, потпишале декларација за заедничка визија за крајбрежниот ветер и пратечката инфраструктура во Северното море. Извршниот директор на Асоцијацијата за енергија од ветерот WindEurope, коментира дека оваа најава за 150 GW од ветерот во Северно море е фантастична вест, но предупредува дека новите планови ќе може да се реализираат само доколку се поедностави издавањето на дозволи за ветерни електрани. Сите пет европски производители на ветерни турбини, денес работат со загуба, додал тој.

summit1

OOSTENDE ENERGY NORTH SEA WIND FARM

„Поморското просторно планирање, достапноста на морското дно и за ветерните електрани и за мрежната инфраструктура, како и побрзото издавање на дозволи за ветерните електрани на море, се клучни фактори за зголемување на инсталираниот капацитет на овој вид постројки“, вели  Sven Utermöhlen, извршен директор на RWE Offshore Wind, кој смета дека Европа треба да ги поедностави правилата и процедурите за одобрување на новите ветерни електрани. Henrik Andersen, извршниот директор на Vestas, рекол дека со оваа најава на деценијата, дебатите се претвораат во донесување на одлуки.  Тој споменува дека од суштинска важност е така поставените цели да се преточат во дозволи, а дозволите во проекти, висококвалитетна технологија и конкретни проекти.

summit3

summit4

„Експанзијата на ветерот и на море и на копно треба да оди „рака под рака“ со заштитата на биодиверзитетот и во дијалог со локалните заедници и другите заинтересирани страни“, истакнуваат во WindEurope. „Самитот во Данска се поклопи со претставувањето на стратешкиот план на Европската унија REPowerEU за енергетска трансформација и налаување на зависноста од руските енерегнти, со што исто така се подвлекува централната улога на енергијата од ветерот“, додава WindEurope.

 

Испрати коментар

Scroll To Top