Наликувајќи на парче ткаенина која е лежерно обвиткана над тенка силуета на стол, Memoria Chair е револуционерен предлог за авангардна столица.
Нејзиниот концепт се заснова на бруталистички принципи на дизајнирање, користејќи бетонска ткаенина за да создаде уникатен дизајн.
Материјалот кој обично се нарекува бетонско платно е флексибилна ткаенина импрегнирана со бетон, која се стврднува кога се хидрира, создавајќи тенок и многу издржлив водоотпорен слој. Техниката на изработка на прототипот се погрижила секоја следна столица да биде единствена во поглед на изгледот, односно преклопувањето на ткаенината.
Memoria Chair, дизајнирана е од Sergio Sesmero и содржи интелектуален и културен наратив, а се темели на принципите на одржливост, функционалност и создавање на нови сензитивни искуства.
Memoria Chair е добитник на Gold A’ Design Award 2021 in Furniture Design.