Насловна / Архитектура / Наградени три идејни решенија за новата општинска зграда на Општина Центар

Наградени три идејни решенија за новата општинска зграда на Општина Центар

Од Општина Центар – Скопје ги соопштија резултатите од конкурсот за општнската зграда. На конкурсот за идејно решение за новата управна зграда на општината, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови.

Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски.

Втората награда ја доби проектот под шифра „ЧКЛАБ“ на ПЛАТФОРМА ДОО Скопје, со авторите: Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ Муратовска, Ана Галевска Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени.

Треторангирано е архитектонското решение под шифра „СЦЕНА“ на:  Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска.

Наградите изнесуваат 750.000 денари за првото место, 400.000 денари за второто место, и 300.000 денари за третото место.

„Избраните три решенија поставуваат темел за изградба на современа и функционална зграда која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и администрацијата“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Со изградбата на планираниот нов комплекс, старите бараки ќе се заменат со современ објект кој ќе ги задоволи потребите на општинската администрација, а локалните жители ќе добијат функционален простор.

Проектот вклучува изградба на подземен паркинг со околу 300 паркинг места и простор за 100 велосипеди, што ќе го реши проблемот со паркирањето во околината.

Герасимовски очекува новата зграда да стане центар на динамична и отворена комуникација, создавајќи простор за зближување на граѓаните.

Испрати коментар

Scroll To Top