Интернационалниот натпревар за најдобри самоодржливи проекти „Global Holcim Awards“, кој се одржува на секои три години, оваа година се одлучи за три победнички предлози. Во секој од овие проекти е препознаен дизајн којшто обезбедува самоодржливо решение за одредени проблеми со кои се соочуваат луѓето ширум светот. Вкупниот број на пријавени проекти бил 6000 дизајни, меѓутоа стручното жири на чело со деканот на факултетот Харвард, Mohsen Mostafavi, се одлучи за проектите во Колумбија, Шри Ланка и Америка.
1. „Articulated Site“ / Mario Camargo and Luis Tombé, Juan Calle и Horacia Valencia
Овој проект претставува хибрид на урбан диизајн, архитектура и пејзаж и истовремено ја користи постоечката инфраструктура во Медели, Колумбија, како основа за проектирање парк и заеднички јавни простори. Проектот исто така содржи отворен аудиториум и разноврсни програми за целата заедница, со цел да се покаже важноста на водата за урбаниот живот.
2. „Post-War Collective“ / Milinda Pathiraja and Ganga Ratnayake
Со локација во Шри Ланка, овој проект ја испитува интеграцијата на поранешните војници во поствоеното општество. Оваа библиотека е конструирана од рециклирачки материјали. Суштествено за неа е дека се фокусира на трансформацијата на армијата што нема мисија во работна сила која ќе служи на општеството.
3. „Dryline“ / BIG и One Architecture
Поради честите појави на поплави во Њујорк, овој проект се осврнува на тоа да го спречи тој проблем. Проектот се состои од поткрената бариера која служи како инфраструктурална барикада и низа од јавни простори, комерцијални, културни и рекреативни програми. Ова идејно решение е архитектонски и урбанистички проект, односно еден вид прототип кој може да се примени на која било локација во светот која се соочува со истите проблеми.