Насловна / Архитектура / Наградата на Комората „Борис Чипан“ за 2023 година на „Планерскиот тим на АПП“

Наградата на Комората „Борис Чипан“ за 2023 година на „Планерскиот тим на АПП“

Во рамките на свеченоста Ден на Комората која се одржа на 22 Декември 2023 година во салата на Комората по 10 јубиларен пат беа доделени 4 награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство.

Комората во 2013 година востанови доделување на 4 годишни награди на архитекти и инженери за исклучителен придонес во развојот на инженерската струка во Република Северна Македонија.

3

Наградата од областа на архитектурата и урбанизмот го носи името на доајенот на македонската архитектура, почитуваниот професор Борис Чипан и претставува најголемо признание кое Комората го доделува на своите членови за значајни достигнувања и постигнати резултати остварени во сферата на архитектонското творештво, просторното и урбанистичко планирање, градителството, придонес во делувањето во организацијата, афирмирање на инженерската професија, научно – истражувачка и публицистичка дејност. Исто така, наградата се доделува за континуиран придонес во архитектурата, просторното планирање и урбанизмот, со забележителен авторски печат и негување на проектантските морални и етички вредности во професијата.

1

Годинешната номинација беше поднесена од активните членови на Комората, архитектите Д-р Анастасија Трајковска, Маријана Стефановски и Марија Зарова Силјановска. По извршената номинација предлогот се разгледуваше во Одделенијата за Архитектура и Урбанизам.

2

На свеченоста, во име на двете одделенија се обрати Раководителката на одделението за архитектура г-ѓа Веселинка Герасимова Петровска. Во своето обраќање таа подвлече една мисла од професорот Борис Чипан: „Станав архитект навидум случајно, но имаше во мене нешто што во тој момент се склопи во една идеја”. Во продолжение таа кажа: „Едноставна мисла на проф. Борис Чипан со која ја опишува својата професионална животна патека, оставајќи препознатлив печат во културната историја на Македонија како архитект, професор, теоретичар, конзерватор и хроничар на архитектурата.

2

Планирањето е почетен и значаен сегмент во креирањето на градбите како во доменот на високоградбата така и во инфраструктурните градби. Тој претставува континуиран процес на изработување, донесување и спроведување на просторен план, урбанистички планови а, сѐ со цел да се обезбеди уредување, хуманизацијата на просторот како и заштита и унапредување на животната средина и природата.“

Потоа, Раководитеката на одделението за Архитектура Веселинка Герасимова Петровска заедно со Раководителот на одделението за Урбанизам Михаел Димитровски д.и.а, го претставија добитникот на наградата „Борис Чипан“ за 2023 година :

Планерскиот тим на АПП под раководство на м-р Андријана Андреева д.и.а.и свечено ја врачија наградата.

4

Наградениот планерски тим се состои од следните архитекти и инженери: М-р. Јулијана Ставревски, Иван Арсовски, Боро Петковсски, М-р. Маја Доновски Лукаревска, Билјана Темелковска, М-р. Ана Лукиќ Коробар, Ана Пижула Ефковски, Томе Стојанов, Александар Ивановски, Кристина Николовска, Д-р. Лидија Трпеновска Симоновиќ, Д-р. Душица Трпчевска Ангелковиќ, М-р Весна Мирчевска Димишковка, Срѓан Дурлевич, М-р Звонко Бошев, М-р Соња Депонова Георѓиева и Благој Јанков.

Наградата особено се доделува заради придонесот во континуираниот процес на изработување, донесување и спроведување на просторните и урбанистичките планови во РСМ, со цел да се обезбеди уредување и хуманизирање на просторот и заштита и унапредување на животната средина и природата. Забележителен е и современиот пристап кон изработка на значајни документи како Просторниот план на РСМ и Генералниот урбанистички план за град Скопје.

За досегашна работа наградениот тим има добиено неколку меѓународни признанија како што се:

  • Втора награда нa 31. Салон за урбанизам во организација на Здружението на урбанисти на Србија, во категоријата „Истражувања, студии и проекти од областа на просторно и урбанистичко планирање“, за трудот „Контактната зона на град Скопје“, работен како студиско истражување за изработка на Генералниот урбанистички план на град Скопје 2022-2032. (08.11.2022) ;
  • Прва награда на 32. Меѓународен салон за урбанизам во Ниш одржан во ноември 2023 година во категоријата – Дигитални техники, дизајн и продукција во урбанизмот и архитектурата за трудот насловен „Креирање геодата база за изработка на ГУП Скопје 2022-2032“.

Испрати коментар

Scroll To Top