Насловна / Архитектура / Награда „Мис ван дер Рое“ за 2015 година – објавени пет финалисти

Награда „Мис ван дер Рое“ за 2015 година – објавени пет финалисти

Во месец февруари беше објавена листата на петте финални проекти за една од најпрестижните награди за современа архитектура „Мис ван дер Рое“. Ова е дваесет и осма година по ред на доделување на оваа награда во организација на Европската комисија и фондацијата „Мис ван дер Рое“ во Шпанија. Финалистите се селектирани од вкупно 40 проекти, а во наредните неколку месеци членови на стручното жири ќе ги посетат секој од објектите и ќе соберат дополнителни информации од луѓето што ги користат, со цел да се одбере најдобриот проект. Официјалното прогласување на победникот ќе се одржи на 7 мај во павилјонот на Мис ван дер Рое во Барселона.RH2150-0028

RH2150-0035

1. Ravensburg Art Museum / Lederer Ragnarsdottir Oei (Равенсбург, Германија)

Локацијата на која е проектиран музејот за уметност е важна за градот од историски аспект, а неговиот дизајн се обидува хармонично и незабележливо да го вгради новото во старото и да создаде една компактна и функционална целина. Фасадата на објектот е изработена од рециклирани тули, а со нивното користење архитектот се обидува да направи врска помеѓу стариот објект и новата конструкција. Во овој контекст, со користење на рециклиран градежен материјал, објектот добива обележје на одржлив објект и воедно претставува еден од првите музеи кои може да се карактеризираат како такви. Едноставниот просторен концепт – влезен хол кој води до просториите каде што е поставена изложбата, материјализацијата составена од рециклирани тули, структурата на ниши кои се простираат по целата површина, и ненаметливата интеграцијата на објектот во историското урбано ткаење на градот, се главните карактеристики на музејот.мис-ван-дер-рое-4 мис-ван-дер-рое-3

2. Danish Maritime Museum / BIG – Bjarke Ingels Group (Хелсингер, Данска)

Архитектонското студио BIG успева успешно да го проектира музејот во уникатниот историски и просторен контекст: помеѓу еден од најпознатите и најважните објекти во Данска, односно замокот Kronborg и новиот културен центар. Ѕидовите на претходно постоечкото пристаниште се оставени во својата автентична состојба, а галериите се поставени под земја каде што е овозможено континуирано движење. Централниот дел е отворен и празен со цел посетителите да ја доживеат големината на самиот објект дизајниран во облик на брод. Во склоп на објектот се наоѓаат три мостови со двојна висина, кои претставуваат урбана конекција и истовремено овозможуваат скратени патеки помеѓу различни простории на музејот. Еден од мостовите служи како променада, музејскиот аудиторум служи како мост кој прави конекција помеѓу културниот центар и замокот, додека третиот мост им овозможува пристап на посетителите до главниот хол. Сите подови, вкучувајќи ги оние на простриите каде што се наоѓа изложбата, потоа аудитриумот, училниците, канцелариите, кафе-барот и подот на пристаништето, нежно се поврзуваат меѓусебно создавајќи возбудливи простори.мис-ван-дер-рое-6 мис-ван-дер-рое-5

3. Antinory Winery / Archea Associati (Фиренца, Италија)

Лоцирана во ридестите предели на Chianti покриени со лозови насади, помеѓу Фиренца и Сиена, по барање на клиентот, архитектонското студио Archea Associati успева да го подобри пејзажот и околината преку архитектура како одраз на културниот и социјалниот контекст на локацијата. Есенцијалниот дел во дизајнот на винаријата се функционалните аспекти и постигнувањето на автентична симбиоза помеѓу културата, работата на човекот, неговата работна средина и животната средина. Целта на проектот е обединување на објектот со руралниот пејзаж. Поради тоа покривот на овој индустриски комплекс е претворен во земјиште на кое се одгледува винова лоза, а тоа е прекинато по неговата контура со два хоризонтални отсечоци, со цел да се внесе светлина во ентериерот. Истовремено, оние што се наоѓаат во внатрешноста на објектот може да уживаат во погледите кон прекрасниот пејзаж. Фасадата се протега хоризонтално покрај падината на ридот, а отсечоците дискретно го откриваат ентериерот на подземното ниво каде што се наоѓаат канцелариите. Во склоп на винаријата се наоѓаат винарска визба, место каде што се произведува и изложува виното, ресторан, аудиториум, потоа музеј, библиотека и просторија за дегустација на вино и негова продажба.мис-ван-дер-рое-7 мис-ван-дер-рое-8

4. Phillharmonic Hall Szczecin / Estudio Barozzi Veiga (Шчечин, Полска)

Дизајнот на филхармониската сала се развива под влијание на урбаниот контекст, стрмните покриви, вертикалноста на зградите за домување, монументалноста на неоготските цркви и тешкиот волумен на класицистичките згради. Архитектонското студио Estudio Barozzi Veiga, користејќи експресионистички пристап, употребува геометризација со цел да ја обликува новата зграда и да создаде ритмична композиција која ќе пренесува чувство на балансираност помеѓу масивноста и вертикалноста во околината. Фасадата е обложена со стаклен материјал со што објектот станува светол, транспарентен и се истакнува во урбаното ткаење на градот. Ентериерот е едноставен, со големи прозорски отвори и карактеристична обработка на ѕидовите и кровот.мис-ван-дер-рое-9 мис-ван-дер-рое-10

5. Saw Swee Hock Student Centar / O’Donnell+Tuomey (Лондон, Англија)

Студентскиот дом е сместен на локација која се карактеризира со тесни улици, јавен простор пред кампусот како простор за размена, испреплетени циркулациони рути и визуелна конекција помеѓу внатрешното и надворешното движење. Овие анализи на контекстот извршуваат влијание врз дефинирањето на четирите принципи во дизајнерскиот пристап на објектот. Првиот принцип е создавање на „жива форма“, односно дизајнирање на зграда која ќе го долови динамичниот карактер на современиот студент. Вториот принцип е употреба на традиционалниот материјал тула, но во современ дизајн. Поради тоа целата фасада е обложена со тула поставена по одредена шема, со цел да се обезбеди „шарена“ светлина во внатрешноста преку ден и блескав ефект на зградата во текот на ноќта. Следниот принцип се базира на создавање атмосфера преку материјализација и боја. Употребени се дрвени подови, челични столбови, бетонски плафони и шарени стаклени панели за обложување на ѕидовите во ентериерот. Последниот принцип се однесува на перфорирана фасада која е постигната со употреба на тула и стаклени површини, а овој принцип е важен поради тоа што на овој начин се овозможува огромно количество на природна дневна светлина во внтрешноста.

Испрати коментар

Scroll To Top