Нафтоводот Александрополис – Бургас, би можел да биде готов во 2028 година, и да продолжи кон север. Планот е помеѓу Грција и Бугарија да се создаде проектна компанија за изградба и експлоатација, истражувајќи ја и можноста за комбинирање на овој цевовод со цевоводи за транспорт на нафтени деривати од Бугарија кон Романија на север. Во тек е финализирање на техничката документација. Првично планираната траса ќе претрпи измени поради заштитените подрачја од еко мрежата Natura 2000.